Јувентус ургира кај Лилијан Турам за да го купи син му Маркус

Италијанскиот калчолигаш Јувентус сака повторно во тимот да го има Турам. Легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам од 2001 до 2006 година го носеше дресот на „старата дама“, а раководството на клубот од Торино сега сака да го купи неговиот син Маркус. И се обидува да го привлече токму преку таткото.

Тренерот Маурицио Сари смета дека офанзивецот на Борусија Менхенгладбах би бил одлично засилување ова лето, а раководството сака да му ја исполни желбата и подготвува понуда вредна 30 милиони евра. Бундеслигашот го доведе Маркус Турам минатото лето од Генгамп за само 9 милиони евра и би заработил тројно доколку одлучи да го продаде. Тој игра во одлична форма и постигна 14 гола и забележа девет асистенции на 37 натпревари во дресот на Борусија Менхенгладбах.

Маркус Турам всушност и голем период од детството го мина токму во Торино. Роден е во 1997 година, а неговиот татко играше во Јувентус цели шест сезони.

Се вчитува...