Јувентус уште овој месец го откупува Консеисао

Јувентус целосно ќе ги откупи правата на Франциско Консеисао до крајот на календарската година, пренесува „Гаџета дело Спорт“.

Португалецот беше потпишан на позајмица од Порто летото и иако првично немаше откупна клаузула во договорот, двата клуба постигнаа џентлменски договор трансферот да биде перманентен за 30 милиони евра. Јуве веќе плати 7 милиони евра за позајмица до крајот на сезоната.

Консеисао, кој на 14 декември ќе наполни 22 години, има два гола и пет асистенции во досегашните 13 настапи за Јувентус во сите натпреварувања. За репрезентацијата на Португалија веќе запиша осум натпревари и еден гол.

Се вчитува...