Јувентус веќе преговара со Емилијано Мартинез

Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, е главна трансферна цел за голот на Јувентус идната сезона. „Бјанконерите“ се фокусирани кон привлекување на светскиот првак, откако стана јасно дека Алисон нема да се пресели во Торино. Ливерпул веќе ги инфомирал челниците на тимот од Торино дека Алисон ќе остане меѓу диреците и идната сезона.

Затоа Јувентус веќе почнал преговори со агентот на Мартинез околу личните услови, а во исто време преговара и со Астон Вила за обесштетување. За потсетување дека и минатата сезона Мартинез требаше да замине од Бирмингем, меѓутоа тоа не се случи.

Голема пречка во трансферот на Аргентинецот во Торино би можела да биде Лигата на шампионите. Како што е познато, Јувентус нема да игра во најелитното клупско натпреварување на Стариот Континент, додека Астон Вила обезбеди место меѓу „елитата“.

Се вчитува...