Јувентус веќе се откажа од Серија А, Ањели ќе прави големи промени уште на зима?

Јувентус изгледа нема да го чека летото за да почне со промените во тимот. Имено, клубот сака да направи тим за следната сезона, што на некој начин покажува дека се свесни за недостатоците, но и за неможноста да се борат за титулата.

Како стојат работите, далеку е и четвртото место, особено ако продолжат вака, а вчера Ањели им порача на акционерите дека Јувентус сигурно ќе игра во европската елита.

Алегри никој не го доведува во прашање, тој едноставно се врати да ја спроведе транзицијата, а клубот во јануари ќе се обиде да ги доведе Влаховиќ и искусниот Белгиец Витсел. Тоа би бил првиот чекор, иако сонуваат и за младиот Французин Чуамени.

Сето ова укажува на заминување на Мората на крајот од сезоната, но Јувентус би можел да го продаде и Кулушевски кој не ја оправда големата инвестиција, а клубот сигурно ќе го напушти Ремзи. Од друга страна се надеваат на понуди за Рабио и Мекени.

Во секој случај, ситуацијата не е добра, а Ањели тврди дека нема да има финансиски проблеми но само ако има продажба, бидејќи во спротивно тешко дека трансферите ќе се реализираат.

Се вчитува...