Екипата на Јувентус почна да бара засилување во средниот ред, како замена за Теун Копмајнерс. Холанѓанецот дојде во клубот во 2024 година и беше платен 60 милиони евра на Аталанта, меѓутоа досега не ги оправда очекувањата од „бјанконерите“.
Копмајнерс играше клучна улога во тимот на Бергамо во освојувањето на Лигта на Европа, меѓутоа откако пристигна во Јувентус, нималку не е оној играч каков што тимот од Торино очекуваше дека ќе добие.
Јувентус треба во следните часови да го промовира Лучијано Спалети за нов тренер, а потоа да тргне по услугите на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Феликс Нмеча. Нмеча оставил добар впечаток на раководството на „Бјанконерите“ за време на меѓусебниот натпревар во Лигата на шампионите, кој заврши 4:4.
Борусија Дортмунд нема така лесно да се откаже од него, па бара најмалку 50 милиони евра за услугите на својот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

