Јувентус во јануари ги носи Ериксен и Алдерверелд?

Италијанскиот првак Јувентус веќе размислува за новите засилувања што би дошле во Торино во зимскиот преоден рок. Раководството на „старата дама“ сака да се засили со двајца фудбалери на Тотенхем кои се пред истек на договорите. Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен сакаше уште изминатово лето да го напушти Лондон, но, сепак, остана во Тотенхем, а на излезна врата веќе подолго време е и дефанзивецот Тоби Алдерверелд. Тие двајца би можеле во пакет да пристигнат во Јувентус.

Ериксен е еден од најбараните фудбалери од средниот ред во Европа. Тој долго беше во преговори со Реал Мадрид, но неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ не се реализираше. Сега во играта се вклучува Јувентус, а од позадина чека и Интер.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, сака да пронајде соодветна замена и за ветеранот Џорџо Кјелини. Се чини дека Тоби Алдерверелд би бил добро решение за зголемување на конкуренцијата во дефанзивната линија.

Се вчитува...