Јувентус во јануари ќе понуди двајца фудбалери во замена за Погба

Италијанскиот шампион Јувентус во јануари ќе тргне во нова офанзива по ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба. Французинот не е задоволен во тимот кој сезонава нема големи аспирации и сака што побрзо да замине во клуб кој се бори за трофеите во сите натпреварувања.

„Старата дама“ во јануари на тимот од „Олд Трафорд“ како замена за Погба ќе им ги понуди Марио Манџукиќ и Емре Чан. Двајцата фудбалери се изоставени од ростерот за настап во Лигата на шампионите. Хрватот веќе се поврзуваше со преминување во Јунајтед, но не беше постигнат договор меѓу фудбалерот и клубот.

 

Се вчитува...