Јувентус во Манчестер Јунајтед го пронајде новиот напаѓач

На Јувентус му е потребен играч од нападот, со оглед дека Душан Влаховиќ е на излезна врата од тимот од Торино. Во комбинација беа неколку напаѓачи, меѓу нив и Рандал Коло-Муани, но немаше договор со ПСЖ околу негов ангажман.

Сега Јувентус го разгледува напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зиркзе како опција во нападот. Претставници на италијанскиот клуб наводно побарале од челниците на Јунајтед да кажат цена за неговите услуги.

Тимот од Олд Трафорд наводно бара 35-40 милиони евра за напаѓачот, кој не добива шанса и е на излезна врата од Манчестер. Тој постигна само два гола во минатата сезона во одиграни 24 натпервари за „Црвените ѓаволи“.

Се вчитува...