Јувентус во нова офанзива за ангажман на Иско

Италијанскиот првак Јувентус тргнува во офанзива за ангажман на Иско Аларкон, играчот за врска на Реал Мадрид кој е незадоволен од статусот во тимот под раководство на новиот тренер Сантијаго Солари. Тој не добива доволна минутажа, а раководството на „старата дама“ сака тоа да го искористи и да го доведе во Торино во летниот преоден рок.

Според италијанскиот „Тутоспорт“, можно е Јувентус да го искористи и Пауло Дибала, па да направи размена со Реал Мадрид. Иско има актуелен договор до 2022 година, а за него се заинтересирани најмоќните европски клубови, ПСЖ, Манчестер сити, Баерн Минхен, Арсенал…Сепак, неговата отштетна клаузула во договорот со Реал Мадрид изнесува фантастични 700 милиони евра.

Се вчитува...