Јувентус продолжува со напорите да го засили играчкиот кадар , што не е нималку лесно откако „црно-белите“ останаа без место во Лигата на Шампионите за наредната сезона.
Со самото тоа се намали и буџетот за засилувања, па Јуве најчесто се фокусира на фудбалери што би можеле да пристигнат без никаква отштета. Уште пред извесно време се почнати преговорите со Леон Горецка, а Јуве од пред неколку дена тргна во офанзива и по капитенот на Брегот на Слоновата Коска, искусниот Френк Кеси.
Станува збор за играч кој е добро познат во италијанската јавност по настапите за Аталанта и за Милан. Тој ги мина последните сезони во тимот на Ал Наср, но по испаѓањето на „слоновите“ од СП 2026 следеше објава дека Кеси го раскинал договорот со овој клуб, по што е подготвен да се врати назад во Европа.
Јувентус веќе почна преговори и испрати официјална понуда – тригодишен договор вреден пет милиони евра плус богат бонус за потпис, па на потег е 29-годишниот Кеси, дали ќе чека подобри или ќе ја прифати оваа на Јуве и ќе стане дел од најтрофејниот италијански фудбалски колектив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
