Јувентус во проблем: Ѕвездата одбива нов договор

Јувентус престојното лето би можел да остане без големата ѕвезда Фредерико Кјеза кој одбива да го продолжи договорот со „старата дама“, пренесуваат италијанските медиуми. Репрезентативецот на Италија оваа сезона се врати од тешка повреда, а и покрај тоа што не блеска на теренот клубот сака да ја продолжи соработката која официјално завршува во јули 2025 година.

Тоа не е планот на Кјеза за кој постои сериозен интерес од Рома. Тренерот Даниеле Де Роси останува во редовите на „волчицата“ и следната сезона по успешното превземање на клубот по Жозе Мурињо и во Кјеза гледа како идеален фудбалер за неговите тактички замисли.

Кјеза и Де Роси веќе соработуваа во италијанската репрезентација каде легендата на Рома беше помошен терен и негуваат одличен однос кој би можел да биде клучен во преговорите.

Јувентус за услугите на Кјеза издвои 44.5 милиони евра во 2022 година па доколку сака да заработи од неговото заминување ќе мора да даде „зелено светло“ за трансфер престојните месеци.

Се вчитува...