Јувентус во ПСЖ ја најде замената за Дибала?

Аргентинскиот интернационалец Паоло Дибала, ги игра своите последни натпревари во дресот на Јувентус. Како што е познато, тој на крајот од сезонава ќе замине од Торино како слободен играч, а како негова можна следна дестинација се споменува Интер, што би било шок за навивачите на Јувентус. Постои интерес и од неколку клубови, а Аргентинецот ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Затоа Јувентус веќе бара замена за него, а според медиумите во Италија, ја нашле во неговиот сонародник Анхел Ди Мариа. Ди Мариа е шест години постар од Дибала, но со неговото искуство може да придонесе за посилен Јувентус.

Во Јувентус од порано истакнаа дека иднината ќе ја градат врз Душан Влаховиќ, а доведувањето на Ди Марија може да се покаже како исправен потег. Тој би дошол во Торино бесплатно со оглед дека му истекува договорот на крајот од сезоната.

Ди Марија во минатото беше дел од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Се вчитува...