Јувентус заинтересиран за Вилијан

Бразилецот Вилијан е желбата на Маурицио Сари за зимскиот преоден рок, откриваат медиумите на Островот.  Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а „старата дама“ е подготвена да плати 20 милиони евра и да го добие како големо засилување за вториот дел од шампионатот во Серија А.

Вилијан е цел и на Барселона, а Челси му нуди нов едногодишен договор.

Бразилскиот интернационалец веќе седум сезони е член на Челси и досега за клубот од „Стемфорд бриџ“ постигна 55 гола на 313 натпревари. Оваа сезона сепак ефектот му е поскромен, три гола и три асистенции на 21 меч.

Се вчитува...