Јувентус замената за Манџукиќ ја пронајде во Франција

Италијанскиот шампион Јувентус е заинтересиран за услугите на 23. годишниот напаѓач на Олимпик Лион, Муса Дембеле. Дембеле во Торино треба да пристигне како замена за искусниот хрватски интернационалец Марио Манџукиќ кој летово најверојатно ќе го напушти клубот, а најголем кандидат за неговиот потпис е италијанскиот Милан.

Дембеле ги воодушеви „бјанконерите“ со одличните партии кои ги прикажува во новата сезона во француското првенство. На натпреварот против Анже кој Лион го доби со 6-0, Дембеле постигна два гола, а беше стрелец и на еден гол во премиерниот меч против Монако.

 

Се вчитува...