Дојде време за разделба помеѓу Душан Влаховиќ и Јувентус. Србинот си заминува од Торино, и сега тимот ќе мора да бара негова замена. Тоа е главна тема во италијанските медиуми, а Јувентус сега ќе мора да се сврти кон некои други решенија во нападот и се чини дека ќе биде многу тешко да се најде играч со слични карактеристики и ист квалитет.
Меѓутоа Јувентус нема намера да купи еден, туку двајца голгетери, со цел да го засили нападот кој во штотуку завршената сезона „чкрипеше“.
Првиот е Жан-Филип Матета од Кристал Палас кој е на „радарот“ на тимот од Торино, а негов партнер во наапдот да биде Александар Сорлот. Сорлот постигна 20 гола минатата сезона, сака да го напушти Атлетико, меѓутоа неговата цена ќе биде превисока за челниците на Јувентус да го донесат во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
