Јужна Африка не го пушти Јаневски, АЕЛ назначи нов тренер

Чедомир Јаневски нема да го води тимот на АЕЛ Лимасол. Иако беше прв фаворит, репрезентацијата на Јужна Африка, со која Јаневски има важечки договор, не го пушти да го превземе кипарскиот тим.

Затоа АЕЛ реагираше и го стави на клупата грчкиот тренер Савас Пантелидес, официјално соопштија од клубот.

Јаневски и АЕЛ ги договорија сите услови околпу финансиите, АЕЛ се согласи да ги исполни барањата на македонскиот тренер, и остануваше само тој да се ослободи од Јужна Африка. Тоа не успеа, па така Чеде останува во стручниот штаб на оваа селекција.

Се вчитува...