Хачанов е сензација во Париз, го доби Тим за пласман во финалето

Рускиот тенисeр Карен Хачанов го направи најголемиот успех во кaриерата пласирајќи се во финалето на Мастерсот во Париз. 22-годишната надеж на рускиот тенис во полуфиналната пресметка го победи фаворизираниот Доминк Тим со 2-0 во сетови.

Во првиот сет, неизвесност имаше само во воведните гемови, потоа Хачанов ја презеде контролата, го доби сетот со 6-4. Во продолжение беше одличен во вториот сет, комплетно го надигра осмиот тенисер во светот. Мечот го комплетираше за само 72 минути откако вториот сет го доби и повеќе од убедливо, со 6-1 во гемови.

Хачанов за противник во утрешното финале го чека победникот од мега пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.

Се вчитува...