Каде беше Нејмар – побарајте го во џебот на Рубен Дијаз

Манчестер Сити со години имаше проблем со одбраната на клучните натпревари, но тоа веќе не е случај откако Пеп Гвардиола минатото лето го доведе Рубен Дијаз од Бенфика. Португалскиот ас ги чинеше „граѓаните“ 50 милиони евра плус Отаменди, но со игрите што ги прикажува цела сезона само потврдува дека е фантастична инвестиција на „сино-белите“.

Доказ за тоа беше и вечерашниот дуел, на кој Дијаз извонредно диригираше со одбранбената линија на домашниот состав. Нејмар беше „невидлив“ на овој еч, а меѓу најзаслужните е токму Дијаз, кој го ставаше Бразилецот „во џеб“ кога и да се приближеше до противничкиот шеснаесетник.

Бројките говорат се, Дијаз на вечерашниот реванш имаше стопроцентна успешност во стартовите, Португалецот во сопствениот шеснаесетник трипати ја расчисти опасноста, а имаше и три блокови при шутевите на „светците“.

Се вчитува...