Кристал палас за претстојната сезона реши да се засили во нападот ки го одбра репрезентативецот на Гана, Џордан Ају. Тој во лондонскиот тим доаѓа на позајмица до крајот на сезоната од тимот на Свонси.
Со Ају пак се врзува една неславна статистика. Репрезентативецот на Гана има лоша среќа или прави лош избор на клубови што испаѓаат од лигата. Дури три од последните четири клуба за кои потпишал Ају, во текот на неговиот престој во клубот испаднале од лигата!
Негативната статистика ја прекрши само францускиот Лориент кој во 2015 година остана во лигата и по неговото доаѓање во клубот. Веќе следното лето, Џордан Ају потпиша за Астон Вила, а тимот од Бирмингем на крајот на сезоната испадна од лигата.
Претходно истата судбина го снајде и со Сошо во 2014 каде играше како позајмен играч од Мерсеј. Лошата среќа продолжи и во екипата на Свонси во која дојде претходното лето.
Од Свонси решија да се ослобода од него во финишот од преодниот рок и го отстапија на Кристал палас. Ако е до кармата на Ају, тогаш веќе се знае кој ќе биде клубот што ќе се збогува со Премиер лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА