Каде ќе оди Дибала? Тотенхем понуди 70 милиони евра, а Интер размена за Икарди

Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала е една од главните ѕвезди на летниот преоден рок. Тој дефинитивно заминува од Торино, а во опција се две локации. Англискиот премиерлигаш Тотенхем понуди 70 милиони евра и сака да го комплетира неговиот трансфер на самиот истек од преодниот рок во Премиер – лигата. Сепак, фудбалерот се уште размислува дали да прифати, иако Јувентус веќе ја договори отштетата со раководството на Тотенхем.

Другата опција за Дибала е да се пресели на „Џузепе Меаца“. По ангажманот на Лукаку, раководството на „нероаѕурите“ се обидува да се ослободи од проблематичниот Мауро Икарди и го нуди во размена за Дибала.

Се вчитува...