Каденас си поднесе оставка во Мешков Брест

Маноло Каденас повеќе не е шеф на стручниот штаб на Мешков Брест откако шпанскиот стратег самиот си поднесе оставка за да може да се сконцентрира на ангажманот како селектор на Аргентина. Управата на Мешков му врачи ултиматум, да избере меѓу клупскиот и репрезентативниот ангажман, а по слабите резултати во изминатиот месец Каденас реши да продолжи да работи како кормилар на „гаучосите“.

Мешков најпрвин беше елиминиран од Фленсбург во Лигата на шампионите, а потоа и загуби од Вардар во полуфиналето од Ф4 турнирот од СЕХА на кој белорускиот првак беше домаќин. Тоа дополнително го зголеми притисокот врз Шпанецот, кој реши самиот да си замине пред да биде отпуштен.

За нов тренер до крајот на сеонава е именуван Раул Алонсо, кој беше прв асистент на Каденас во изминатата сезона, а претходно има работено и како помошен тренер во Кил.

Се вчитува...