Севилја не успеа да дојде до планирана победа над Кадиз во првиот натпревар од 34. коло во Ла Лига, ремизирајќи (1-1) пред своите навивачи.
Домашните дојдоа до предност со голот на Ен Несири уште во 7. минута од средбата.
Но, Кадиз до бодот дојде благодарение на евро-голот на Перез директно од слободен удар во 66. минута од натпреварот.
Со овој бод Севилја се проби на втората позиција на табелата, но Барселона е на само заостанување и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА