Каевски ги прими јуниорите: Борењето мора да се врати на старите патеки

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за боречките надежи кои се вратија од од Балканското првенство во борење во Турција. Директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, им честиташе на репрезентативците во борење и додаде дека АМС целосно ќе ги поддржува настапите на македонските претставници во борење на сите меѓународни настапи од причина што овој спорт мора да се врати на патеките од минатото кога беше еден од најтрофејните во Македонија.

borenje 2„Денеска сме тука за да ги пречекаме нашите јуниори кои се враќаат од Балканското првенство во борење кое се одржа во Бурса (Турција). Имено, нашите најмлади борачи се враќаат со освоени три медали, две сребрени медали и еден бронзен медал. Упатувам честитки до добитниците на медалите, но и до сите учесници кои ја претставуваа Македонија на овој шампионат. Исто така, во Словенија на Балканско првенство заминуваат нашите пионери и кадети во борење. Агенцијата за млади и спорт целосно ги поддржува овие настани, од финансиски аспект и нашата намера е и во иднина да инвестираме во овој спорт во кој имаме значајни успеси. Уште еднаш, сакам да им честитам на нашите јуниори во борење, а на пионерите и кадетите да им посакам среќа и успех во Словенија“, изјави Каевски.

borenje 3

Претседателот на Боречката федерација на Македонија Бетим Вренези изрази големо задоволство од неодамна завршеното Балканско првенство и од освоените медали, од кои два сребрени и еден бронзен.

„Елмедин Сејфулау, еден од најголемите боречки надежи во Македонија и Емир Реџепи освоија сребро, додека пак Рамадан Мустафовски се закити со бронзен медал. Успехот е далеку поголем ако се земе фактот дека конкуренцијата беше огромна, особено ако треба да се победат спортисти од земјите каде борењето е традиција, како Турција, Бугарија, Романија. Упатувам огромна благодарност до Агенцијата за млади и спорт за поддршката кон јуниорите, но и за целосно покривање за подготовките и претстојниот настап на пионерите и кадетите на Балканското првенство кое од 03. до 05.ноември ќе се одржи во Словенија. Македонската репрезентација ќе настапи со 17 натпреварувачи од кои две девојчиња, а од ова натпреварување се очекува уште поголем успех“, изјави Вренези.

Се вчитува...