Каевски во Талин: Нови перспективи за младите во Македонија!

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски учествува на работниот состанок на директори за младински политики, во Талин, Естонија.

На состанокот се одвиваат повеќе работилници посветени на перспективите на младите во Европа, дигиталната ера и нејзиното влијание врз новите генерации и учеството на младите во процеосот на креирање политики и одлучување.

Каевски сподели искуства со своите колеги од Европа за начинот на кој се одвиваат новите политики за млади во Република Македонија. Вклученоста на младите е наш приоритет, затоа претставничките тела на младите се вклучени во работата на измените на Законот за високо образование.

Исто така, претставници од младинските организации ќе бидат дел од Координативното тело за спроведување на Младинската Гаранција, како мерка која обезбедува вработување на младите, мобилност и поголема конкурентност на пазарот на трудот.

Kaevski vo Talin 2

Во Талин се одржува и ЕУ младинска Конференција на која се дискутира за идните активности поврзани со млади, а учесници се членовите на Националните младински совети од Европа.

Се вчитува...