Каират го сака Амановиќ од Тобол

Според најавите од Казахстан, Каират сака да го потпише македонскиот стопер Алекса Амановиќ кој во штотуку завршената сезона во оваа земја беше еден од најзаслужните за шампионскиот пехар на Тобол.

На Амановиќ договорот му истекува на крајот од месецов, и Каират сака да го потшише како слободен играч. Каират е подготвен да му понуди и подобри услови, но во голема мера ќе зависи и од понудата на Тобол, кој исто така сака да го продолжи договорот со екс младинскиот репрезентативец.

Каират на крајот заврши како третопласиран тим, и следната сезона ќе игра во Европа.

Се вчитува...