Каиседо продолжува во Лацио до 2022 година

Еквадорскиот интернационалец Фелипе Каиседо го продолжи договорот со Лацио до 2022 година. Тој пристигна во 2017 година кога пристигна од Еспањол како резервна опција за Чиро Имобиле, но во меѓувреме успеа да се наметне како избор за првотимски статус.

Каиседо во дресот на Лацио одигра 78 натпревари и постигна 16 гола запишувајќи и девет асистенции. Тој играше и за Базел, Манчестер Сити, Спортинг Лисабон, Малага, Леванте, Локомотив Москва и Ал-Џазира.

Се вчитува...