Кај поранешен српски фудбалер пронајдени 1,5 тони кокаин – познат и на кој клан припаѓа!

Португалските медиуми синоќа објавија дека локалната полиција конфискувала голема количина дрога и две парчиња воено оружје што ги пронашла во комбе управувано од поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ.

Информациите што доаѓаат од Португалија велат дека полицијата го запрела Милошевиќ на автопатот и дека полицијата била шокирана кога видела што има во комбето.

Како што пишува „Жорнал де Нотисиас“, во комбето биле пронајдени повеќе од 1,5 тони кокаин, како и две парчиња воени оружја подготвени за употреба.

Полициските службеници биле шокирани кога ја отвориле задната врата од возилото, а потоа го уапсиле возачот, кој бил идентификуван како Урош Милошевиќ.

Исто така, португалските медиуми пишуваат дека пронајдената дрога вреди повеќе од 70 милиони евра и дека наводно припаѓа на „Балканскиот картел“.

Португалската полиција веќе спроведе акции против истата криминална организација, а минатата недела, во соработка со шпанската полиција, запленила 3,7 тони дрога.

Медиумите во Португалија наведуваат дека базата на организацијата се наоѓа на југот на Шпанија и дека таа дејствува низ цела Европа, а токму на португалскиот брег се истоваруваат големи количини дрога.

Тие објавија дека Милошевиќ бил поранешен фудбалер, овој 31-годишник играл за Чукарички, Телеоптик и Синѓелиќ од Белград.

Се вчитува...