Кајак и кану возбудувања на Матка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вистинско уживање беше да се следи денешното натпреварување во Европскиот куп во спуст на патеката Матка за кајак и кану на диви води. Гледачите имаа можност да уживаат во одлични возења на натпреварувачите, кои се бореа за значајни бодови во Европскиот куп, при во кану што најуспешни беа Хрватот Иван Толиќ (Ц1), неговата сонародничка Зое Гржин (Ц1, жени), а хрватската доминација ја комплетираа Толиќ и Обадиќ во Ц2.

Унгарката Шепреги Сара беше најдобра во кајак, К1 за жени, додека Сретен Биљиќ од Србија беше првопласиран во машка конкуренција. Од македонските натпреварувачи, Љубомир Спасиќ се најде на делба на второто место во К1 за мажи, додека Роберт Папазов беше седмопласиран во кану Ц1.

[new_royalslider id=”566″]

Се вчитува...