Кајри го врати Далас од „минус“ 31, но последниот збор го имаше Харден, „метла“ од Минесота за Феникс

Лос Анџелес Клиперс успеаја да ја изедначат осминафиналната серија против Далас добивајќи го четвртиот натпревар со 111-116.

Гостите од Лос Анџелес имаа водство и од 31 поен во втората четвртина од натпреварот (24-55), но на крилја на фантастичниот Кајри Ирвинг, Далас не само што се врати во средбата, туку успеа и да поведе во последната четвртина. Сепак еден од најголемите камбека во историјата не беше крунисан со победа.

За тоа се погрижи поранешниот соиграч на Ирвинг, Џејмс Харден кој постигна 11 поени во последните три минути.

Со 40 поени, 7 скокови и 5 асистенции лидер на Маверикс беше Ирвинг, додека 33 поени, 6 скокови и 8 асистенции за Клиперс постигна Џорџ.

А, пак Минесота е веќе во следната фаза од натпреварувањето откако со „метла“ го почисти Феникс за вкупни 4-0. Чевртиот натпревар од серијата Тимбервулвс го добија со 116-122 благодарение на незапирливиот Едвардс кој постигна 40 поени, 9 скокови и 6 асистенции. На споритвната страна до 49 поени, 5 скокови и 6 асистенции броеше Букер.

На победи изминатата вечер се радуваа и Индијана и Њујорк кои поведоа со 3-1 во сериите против Милвоки, односно Филаделфија.

Се вчитува...