Кајри Ирвинг им се извини на Евреите

Ѕвездата на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг призна дека рекламирал филм со антисемитска содржина на неговите друштвени мрежи. Вети дека ќе донира пола милион долари за организацијата која работи на искоренување на омразата и нетолеранцијата.

Филмот е режиран во 2018 година од Роналд Далтон Џуниор, а се работи за документарна адаптација на истоимената книга од 2015 година во која меѓу другото пишува дека „многу познати Евреи признале дека станале ѓаволи“.

„Свесен сум за негативното влијание на мојата порака кон еврејската заедница и ја преземам одговорноста за тоа. Не верувам дека било што, што е кажано во филмот е вистина. Немав намера да нападнам ниту една група, раса или вера, само сакам да бидам светилник на вистината“, изјави Ирвинг. 

Се вчитува...