Кајри Ирвинг се откажува од НБА и формира своја лига

Кајри Ирвинг почна разговори за формирање на лига која ќе биде независна од НБА. Ирвинг во последно време е повторно во центарот на вниманието поради работи кои немаат врска со кошарката. НБА сезоната ќе продолжи на 30. јули во Дизниленд, развој на настаните кои не му одговараат на бекот на Бруклин.

„Противник сум на заминување во Орландо. Тука нешто смрди. Јас сум против систематскиот расизам и останатите с**ња и сум подготвен да се откажам од се поради друштвените реформи“, изјави Ирвинг. 

Тој дополнува дека голем дел од кошаркарите се сложуваат со него, а американските медиуми пренесоа дека е поборник за формирање на нова лига која ќе биде ривал на НБА. Тој сака да се почне ново натпреварување со кошаркарите кои не сакаат да заминат во Орландо и да играат натпревари во исто време кога ќе се доигрува и сезоната во НБА.

Се вчитува...