Кајзерслаутерн е во финалето, крај на сонот на Сарбрикен

Кајзерслаутерн е првиот финалист во Купот на Германија откако во вечерашната полуфинална пресметка по огромна борба славеше на гостувањето против Сарбрикен со 0-2. Третолигашот Сарбрикен е вистинска сензација во купот сезонава, успевајќи да ги елиминира Баерн Минхен, Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах, но оваа екипа не успеа да направи уште еден подвиг и да стигне до билет за големото финале.

Домаќините дури беа и за нијанса подобар тим на теренот, но се беше попусто кога не ги искористија шансите што ги создадоа. Првото полувреме заврши без голови, а Кајзерслаутерн потоа го реши прашањето на победникот во вториот дел, кога со головите на Ритер во 55. минута и на Туре 20 минути подоцна стигна до големата победа.

„Црвените ѓаволи“ за противник во големото финале ќе го имаат подобриот од утрешниот дуел меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелфорф.

Се вчитува...