Кака: Често се молам на Господ за Милан

Рикардо Кака ги мина најдобрите моменти во кариерата во дресот на Милан, па на Бразилецот сега тешко му паѓа што „росонерите“ не можат ниту да влезат во ЛШ, камоли да се борат за титула во Италија.

„Многу ми е тешко да зборувам за Милан, особено кога не сум дел од тимот или управата, па можам да се осврнам само на она што ќе го прочитам од медиумите. Знам дека ситуацијата е многу тешка, често се молам на Господ за Милан, да помогне, длабоко во себе се надевам дека сето ова ќе мине и мојот поранешен клуб повторно ќе биде голем“ – изјави Кака.

Тој ја поздрави одлуката на Малдини и Бобан да го именуваат Стефано Пиоли за нов тренер на екипата за време на репрезентативната пауза.

„Пиоли пристигна, ќе видиме како ќе се одвива работата. Му посакувам да ја има сета среќа на овој свет, веќе сезонава да го врати Милан на старите патеки“ – порача Кака.

Се вчитува...