Кака открива: Имав два проблеми во Реал – повредите и Мурињо

Легендарниот бразилски фудбалер Кака, во неодамнешното интервју проговори и за проблемите што го задесиле во текот на неговата кариера во Реал Мадрид. Кака во Мадрид мака мачел со повредите и со Жозе Мурињо.

Да не биде дека од Португалецот се жалат само играчите на Челси и на Манчестер јунајтед, Кака потврди дека со „специјалниот“ не цветале рози ни на „Сантијаго Бернабеу“.

Бев убеден дека Реал ќе биде добра средина за мене, мислам дека бев истраен и дека ги достигнав сите лимити. Мој проблем во Мадрид прво беше континуитетот, а потоа и тренерот бидејќи три години се обидував да го убедам Мурињо дека имам квалитет за Реал. Но, тој бираше поинаку, не можев на тоа да влијаам. Никако“ – вели Кака.

Бразилецот истакнува дека таа епизода во Реал Мадрид е зад него и дека денес нема проблем со Мурињо.

„Се сретнавме неодамна на некој прием во Манчестер, разговаравме два часа. Мурињо е точно она што го гледате на телевизија, во одредени моменти е експлозивен, но и екстремно интелигентен, многу спремен човек. Така што, се она што ќе прочитаат луѓето во неговите интервјуа“, се е однапред подготвено“- истакнува Кака.

Бразилецот зборува и за повредите кои му ја упропастија кариерата.

„Во првата сезона имав повреда на колкот, потоа и повреда на мускулот поради која бев опериран. Паузирав шест месеци и кога се вратив го затекнав Мурињо. Бев голем професионалец, а денес можам да кажам со големо задоволство дека секогаш можам да отидам во Мадрид и вратата секогаш ми е отворена“ – вели бразилскиот фудбалер.

Се вчитува...