Доаѓањето на Чаби Алонсо во Реал Мадрид минатото лето го означи почетокот на новата ера по заминувањето на Карло Анчелоти.
Раководството на клубот му даде целосна поддршка на поранешниот тренер на Баер Леверкузен и значително го засили тимот во текот на преодниот рок.
Одбранбената линија беше засилена со доаѓањата на Трент Александер-Арнолд, Хујсен и Алваро Карерас, додека Франко Мастантуоно пристигна како голема надеж на аргентинскиот фудбал. Сепак, Алонсо набрзо укажа на проблемот во средниот ред,недостатокот на играч кој ќе ја преземе улогата на плејмејкер, слична на онаа што претходно ја имаше Тони Крос.
Првата желба на тренерот беше Мартин Зубименди, чија цена се движеше меѓу 60 и 70 милиони евра. Сепак, Реал се двоумеше, што Арсенал го искористи и го комплетираше трансферот на шпанскиот интернационалец.
Според извори блиски до клубот, Алонсо чувствувал дека иако на располагање ги имаат Чуамени, Камавинга, Валверде и Белингем, на Реал сепак му недостига вистинско „сидро“ во средниот ред, играч кој ќе ги поврзе одбраната и нападот и ќе и даде ритам на играта. Се чини дека отсуството на Зубименди се одрази на играта на Реал, што подоцна го чинеше и отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

