Како Баерн го спаси Кајзерслаутерн од банкрот…

За многумина беше чудно што Баерн Минхен непосредно по крајот на сезоната реши да одигра уште еден последен меч – пријателска пресметка со третолигашот Кајзерслаутерн. Германските медиуми денеска обелоденија зошто всушност се одиграла таа средба – посочувајќи ја управата на Баерн како најзаслужна што Кајзерслаутерн се спасил од банкрот.

Третолигашот се соочува со огромни финансиски проблеми и не можеше да ја уплати неопходната сума за натпреварување во следната сезона, се додека Баерн не излезе во пресрет – организиран беше ревијален меч на стадионот „Фриц Валтер“, со јавна кампања за собирање на средства. На крајот, беа собрани огромни 750.000 евра, сосема доволно за да се уплати сумата за лиценца, но и да се обезбеди значаен дел од буџетот за наредната сезона во третата лига.

„Кајзерслаутерн е еден од најголемите германски клубови, имаме играно бројни легендарни натпревари со овој ривал. Фудбалот живее поради емоциите, спортското ривалство и солидарноста, затоа решивме да помогнеме. Искрено се надеваме дека Кајзерслаутерн ќе ја надмине кризата и наскоро ќе се врати во Бундес-лигата“ – изјави директорот на Вардар, Карлхајнц Румениге.

Се вчитува...