Како би изгледал тимот на Југославија – Дончиќ, Јокиќ, Богдановиќ…

Поминаа 29 години од распадот на Југославија. Во последните години се поголем број на кошаркари од поранешните југословенски простори имаат успешна кариера во НБА. Шпанската „Марка“ направи тим од кошаркари кој изгледа навистина моќно.

Во првата петорка сигурно ќе се најдат младата ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ и центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ. Во тимот место би имало и за Богдан Богдановиќ од Сакраменто, Бојан Богдановиќ од Јута и Горан Драгиќ од Мајами.

Во тимот би се нашле и Србите, Марко Гудуриќ, Немања Бјелица и Бобан Мајрановиќ. Хрватите Дарио Шариќ и Ивица Зубац, како и Јусуф Нуркиќ од Босна и Херцеговина и Црногорецо Никола Вучевиќ.

Се вчитува...