Како Гатузо го елиминира Интер: Им реков на играчите – ова е финале на СП за нас!

Милан успеа да го добие градското дерби против Интер (1-0) во Купот на Италија, а јавноста на Апенините смета дека тоа може да биде голем позитивен потстрек за „росонерите“ во продолжението од сезоната. Милан се пласира во полуфиналето, а можеби и поважно од тоа е што славеше против „нероаѕурите“ по пауза од две години.Тренерот Џенаро Гатузо признава дека не е меѓу најдобрите тренери во Серија А, но вели дека секогаш сака да победи. Откри и на каков начин ги мотивирал фудбалерите за градската пресметка.

Во пресрет на дербито им кажав на фудбалерите дека треба да играат како да е финале на Светско првенство. Одигравме борбено и го вложивме максимумот. Но, сепак, не мислам дека победата ќе ни ги реши проблемите. Мораме да се подобруваме од меч во меч. Инаку, јас сум можеби најлопиот тренер во Серија А, но имам огромна желба за победа“, истакна Гатузо.

Се вчитува...