Како говореше Вијали за болеста: Страв ми е од смртта, секако, но …

Италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали почина денеска, губејќи ја повеќегодишната борба со тешката болест. Тој неколку седмици се наоѓаше во тешка состојба, за денеска да биде објавена трагичната вест – дека Вијали не успеал да се избори со болеста што го мачеше подолго време.

По веста за смртта, италијанските медиуми потсетија на изјавите што Вијали ги даваше откако му беше дијагностицирана болеста, најавувајќи беспоштедна борба.

„Се плашам од смртта, секако. Не знам кога ќе се изгаси светлото на мојот живот и што има на другата страна од тунелот. Но исто така, возбуден сум да дознаам. Секако дека ќе бев посреќен ако не бев болен, но сега го прифаќам тоа како дел од животот што морам да го живеам со храаброст и да научам ншто. Најтешкото беше да им кажам на семејството, на најблиските, никогаш не посакувам да треба на таков начин да ги повредите луѓето кои ве саакаат. Секогаш на почетокот имате чувство на срам од болеста, како да сме ние виновни што сме болни, а не треба да е така. Животот е 10% она што ни се случува, а 90% како ние реагираме на тие случки. Се надевам дека мојата животна приказна ќе им помогне на останатите да се справуваат со вакви работи на вистински начин“, коментираше Вијали.

Се вчитува...