Како гром од ведро небо: Мурињо – нов тренер на Рома

Жозе Мурињо се враќа на фудбалот, и тоа како нов тренер на екипата на Рома, од почетокот на сезоната 2020/21. Ова е „бомбата“ што попладнево одекна во фудбалска Европа, откако римскиот клуб официјално објави дека токму португалскиот стручњак ќе биде предводник на „волчицата“ од наредната сезона.

Ова е огромно изненадување ако се знае дека римјаните подолго време преговараа со Маурицио Сари, екс-тренерот на Јуве вчера пристигна во Рим на завршни разговори, за денеска да биде објавено дека Мурињо е изборот за нов тренер на римскиот клуб.

Португалецот пред помалку од еден месец беше отпуштен од Тотенхем, а пред неколку дена изјави дека без разлика колку го сака Интер, може да се случи да преземе друг тим во Италија. Иако во прв момент јавноста мислеше дека станува збор за флерт со Јуве или со Милан, Жозе изненади потпишувајќи тригодишен договор со Рома.

„Со големо задоволство можеме да објавиме дека е постигнат договор со Жозе Мурињо, кој ќе стане тренер на нашиот тим од сезоната 2021/22“, се вели во соопштението на Рома.

Се вчитува...