Како изгледа Роналдо во делириум: Скока по гаќи, спие со трофејот… (ВИДЕО)

Јувентус со триумфот од 2-1 против Аталанта го освои Купот на Италија, на тој начин наоѓајќи утеха за испаѓањето од Лигата на шампионите, и предавањето на Скудетото по девет едноподруго титули.

Играчите и тренерите на Јувентус бурно ја прославија победата за спас на сезоната, а во фештата во прв план беше Кристијано Роналдо кој првпат со „Старата дама“ доаѓа до трофејот во Купот.

Радоста не можеше да ја сокрие, па Роналдо скандираше во соблекувалната на Јуве со трофејот по гаќи…

На крајот на својот Инстаграм профил објави фотографија и како спие со пехарот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Се вчитува...