Како ќе изгледа Интер под водство на Конте?

Италијанскиот стратег Антонио Конте официјално е назначен за тренер на Интер. „Нероаѕурите“ со новиот тренер, сакаат да се вратат на старите патеки и затоа на големо се работи за носење на засилувања кои ќе ја вратат старата слава.

Италијанските медиуми пренесуваат дека една од желбите на Конте, е репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко. Диего Годин е веќе договорен, а на  „Џузепе Меаца“ најверојатно ќе пристигнат и Нико Барела од Калјари и Федерико Киеза од Фиорентина. Во нападот заедно со Џеко ќе треба да игра Лаутаро Мартинез, но само доколку не успее раководството да го потпише и Ромелу Лукаку.

Најголемо разочарување за фановите на Интер ќе биде заминувањето на првата ѕвезда на тимот Мауро Икарди.

Се вчитува...