Како ќе изгледа новиот ПСЖ: Само Меси е сигурен…

ПСЖ по една година пауза се врати на тронот на фудбалска Франција, но титулата во домашниот шампионат нема да биде доволна за Маурицио Покетино да остане на клупата и да ја одработи последната сезона од договорот што го има со „светците“. Челниците на клубот остануваат максимално амбициозни, најавуваат богат буџет за трансфери, но исто така и сериозен ремонт во текот на летото. Притоа, француските медиуми се занимаваат

Покетино е веќе на излезна врата, а голема е веројатноста дека по негови стапки ќе тргне и Леонардо, кој ќе добие отказ од директорската функција. Токму Леонардо го избра Покетино за нов тренер пред Зинедин Зидан, згора на тоа и целосно потфрлил во преговорите за Килијан Мбапе, не давајќи му на Французинот толкава важност како на Нејмар и Меси, што придонесе тој да реши да си замине од „Паркот на принцовите“.

Кога станува збор за изгледот на играчкиот ростер, од атомскиот напад на ПСЖ сигурно е само останувањето на Лео Меси, кој ја известил и управата дека сигурно ќе биде дел од тимот и за наредната сезона. Желба на клубот е да биде задржан и Мбапе, но многу поголеми се шансите дека овој екстра-голгетер како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид. Нејмар е ставен на продажба, но прашање е дали ќе се најде клуб што ќе ја израмни неговата плата од 40 милиони евра по сезона. Меѓу оние кои ќе си заминат е и Мауро Икарди, кој воопшто не ги задоволи очекувата на клубот. Опциите за засилувања се Дембеле од Барселона, Осимен од Наполи, се споменува дури и Кристијано Роналдо, но се ќе зависи од тоа дали Нејмар и Мбапе ќе останат или ќе си заминат од клубот.

Пол Погба е најавен како големо засилување за средниот ред, Французинот за првпат во кариерата би заиграл во татковината, но прашање е како ќе изгледа овој дел од тимот во наредната сезона. Ди Марија и Паредес дефинитивно си одат, а неизвесно е и останувањето на Вајналдум, чија иднина ќе зависи од новиот тренер. Верати има активен договор и би требало да остане на „Паркот на принцовите“, но за очекување е ПСЖ да тргне по дефанзивен играч за врска што би го покрил Погба (прва опција е Канте од Челси).

Најмалку промени би требало да има во одбраната, Маркињос е пред потпис на нов договор и сигурно ќе остане во ПСЖ, а истото го најави и Серхио Рамос, кој би бил идеално засилување доколку остане здрав цела сезона. Кимпембе е желба на неколку премиерлигаши, доколку реши да си замине ќе биде доведена негова замена, а прв на списокот е Холанѓанецот Де Врај од Интер. Бековските позиции ќе останат резервирани за Хакими и за Мендеш, чиј договор со Спортинг ќе биде целосно откупен во текот на летово.

Донарума останува голман на „светците“ и во наредната сезона, но истото не може да се гарантира и за Кејлор Навас, кој отворено проговори за незадоволството од делењето на минутажата со Италијанецот.

Се вчитува...