Како ќе се снајде Конте без Брозовиќ?

Интер загуби два значајни бода на гостувањето против Лече, но уште поголем проблем за тренерот Антонио Конте претставува повредата на Марсело Брозовиќ. Проблемот со скочниот зглоб е сериозен, па хрватскиот интернационалец ќе мора да отсуствува околу еден месец од терените, за зголемени главоболки на стручниот штаб и на управата на „нероѕурите“.

Останува да се види како ќе се снајде Конте без помошта на најстандардниот фудбалер за врска, кој ги одигра сите 90 минути на дури 18 овосезонски натпревари, пред да биде заменет во самиот финиш на вчерашниот дуел со Лече. Брозовиќ ќе го пропушти куп-дуелот со Фиорентина, натпреварите од Калчо-лигата со Калјари, Удинезе и со Милан, а неизвесен е и за големото дерби со Лацио, закажан за 16 февруари.

Во една таква ситуација, за очекување е „нероаѕурите“ уште повеќе да ја интензивираат потрагата по нов фудбалер за врска, откако како опции во изминатите денови беа споменувани Кристијан Ериксен од Тотенхем и Артуро Видал од Барселона.

Се вчитува...