Како Мајнц го испрати Новески: „You’ll never walk alone“ (ВИДЕО)

Со пораката „Danke Capitano“, и со песната „You’ll never walk alone“, алудирајќи дека секогаш ќе остане дел од семејството на Мајнц, германскиот клуб му се заблагодари на македонскиот фудбалски интернационалец, и долгогодишен репрезентативец, Николче Новески, за 12-те години и повеќе од 300 настапи во нивниот дрес.

На вчерашниот спектакл на „Опел Арена“ во Мајнц, фановите покажаа дека засекогаш ќе го паметат капитенот, а Мајнц најверојатно ќе му понуди да биде дел од структурите во клубот. Како и во песната, никогаш нема да чекори сам, секогаш ќе биде дел од Мајнц…

Се вчитува...