Како Мурињо го исмевал Касиљас: Цезар со една рака би бранел подобро!

Односите меѓу Жозе Мурињо и шпанскиот голманот Икер Касиљас се затегнати уште од времето кога португалскиот тренер беше на клупата на Реал Мадрид. Мурињо тогаш го забетонира шпанскиот голман на клупата и го сметаше Касиљас за „кртица“ во соблекувалната на Реал Мадрид.

Една од анегдотите која отсликува какви биле односи во соблекувалната на „кралскиот“ клуб во периодот 2010-2013, раскажа легендарниот голман Жулио Цезар.

Имено, по натпреварот меѓу Бразил за кој бранеше Жулио Цезар и Шпанија на чиј гол беше Икер Касиљас, Бразилецот добил необична СМС порака од Мурињо.

Што се случило? Завршил натпреварот и Жулио, како што имал обичај, го разменил голманскиот дрес со Касиљас…

Кога дојдов во соблекувалната, го отворив шкафот и гозедов мобилниотѕ. И гледам порака од Жозе Mурињо. Не е никаква тајна дека тој и икер имаа проблеми во Реал Мадрид. Во пораката пишуваше: Ти с лудак! Тој треба тебе да ти побара дрес, а не ти нему. Па, ти со една рака би добранил повеќе шутеви на голот отколку тој! – раскажува Жулио Цезар.

Историјата на односите на Касиљас со „специјалниот“ е бурна и интересна. Се почна откако Мурињо за време на тригодишниот престој во Мадрид, кој и не беше така успешен како што очекуваше, освои само една шампионска титула во Шпанија, а по неговото заминување, Реал Мадрид уште три пати стана шампион на Европа, а Португалецот го обвини весникот „Марка“ дека го „буши“ со помош на „кртиците“ во соблекувалната.

Имено, „Марка“ во текот на последната мадридска сезона на Мурињо излесе со приказна дека Серхио Рамос, Икер Касиљас и уште еден „сенатор“ на Реал Мадрид, се претпоставува дека тоа бил Кристијано Роналдо, отишле кај претседателот Перез и му рекле дека си заминуваат доколку Мурињо остане на клупата и дека со него е невозможно да се работи.

Мурињо, после тоа полудел и влезе во војна со „Марка“. Реал целата приказна официјално ја демантира, но на крај Мурињо сепак, мораше да замине. А, изјавата на сопругата на Касиљас, новинарката Сара Карбонеро, за Португалецот наводно бил доволен доказ дека „кртицата“ во соблекувалната е шпанскиот голман.

„Атмосферата во соблекуваланта на Реал не е добра. Јавна тајна е дека некои играчи и тренери воопшто не се поднесуваат. Мурињо, практично, има бунт во соблекувалната и допрва ќе видиме“ – изјави тогаш Сара Карбонеро за „Марка“.

Мурињо не опстана, мораше да замине од Реал Мадрид, а на Икер Ромеро никогаш не му прости за зборовите на „неговата подобра половина“. Тој сметал дека е недопусливо сопруга на еден фудбалер на Реал Мадрид да го вади „валканиот веш“ од соблекувалната и му замери што не успеал да ја контролира Сара!

Касиљас заврши на клупата, но на секој следен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ добиваше аплаузи, а Жозе Мурињо свирежи. На крајот на сезоната Мурињо мораше да замине. А некоја година подоцна замина и Касиљас и тоа токму во Порто.

Се вчитува...