Како по навика: Никола Митревски повторно е дел од Топ 5 листата во ЛШ (ВИДЕО)

Никола Митревски и Порто немаа свој ден на вчерашниот домашен дуел со ПСЖ, но македонскиот голман повторно се најде во топ-листата од пет најдобри интервенции во осмото коло од Лигата на Шампионите.

ЕХФ ТВ денеска ја објави топ-листата со најдобрите одбрани во изминатата рунда, на која Митревски се наоѓа на петтата позиција.

Првопласиран е голманот на Пик Сегед, Роланд Миклер, со извонредно запрениот контранапад на Вардар на синоќешниот меч во СЦ „Јане Сандански“.

Се вчитува...