Како решета новиот „вардарец“ – Соареш има „топ“ во раката (видео)

Мигел Мартинс има 22 години и неговото време допрва доаѓа, но според потенцијалот што го поседува овој ракометар се чини дека Вардар направи вистинска работа со неговиот ангажман.

Станува збор за подвижен и исклучително интелигентен ракометар кој како среден бек знае како да ја разигра екипата, но кога е неопходно и да ја преземе одговорноста врз себе. Силна страна му е шутот „од место“ со кој рутински ги матира противничките голмани, а од видеото со сите негови голови во ЛШ сезонава јасно се гледа дека Португалецот има „топ во раката“.

Погледнете дел од мајсториите на новиот ракометар на Вардар, на дуелите против Кил, Веспрем, Киелце, Монпелје, но и на мечот во Скопје против „црвено-црните“.

Се вчитува...