Како Роналдо упропасти евро-гол на Дибала… (ВИДЕО)

Јувентус загуби синоќа со 2-1 на гостувањето против Јанг бојс во Лигата на шампионите. „Старата дама“ до последните секунди се обидуваше да израмни, и успеа во тоа во 93. минута преку Пауло Дибала.

Но, голот на Аргентинецот веднаш беше поништен. Интересно, на видео снимките јасно се гледа дека всушност голот му го „поништил“ никој друг туку Кристијано Роналдо.

Дибала шутираше од 20 метри, топката очигледно одеше во самиот агол од голот на противникот, но во последен момент Роналдо се одлучи да ја допре со глава. Топката секако заврши во мрежа, но голот беше поништен затоа што Роналдо беше во офсјад позиција…

 

Се вчитува...