Како Салах игра кошарка? Подобро ич да не игра… (ВИДЕО)

Мохамед Салах зад себе остави извонредна фудбалска сезона во дресот на Ливерпул, но очигледно дека со кошаркарска топка и не му оди баш најдобро.

Салах ги освои симпатиите на целиот свет со игрите во Ливерпул, па сега веќе се следи секој негов потег, дури и за време на подготовките… Па, во кампот на „црвените“ проба малку да ги тестира и своите кошаркарски способности, но неговите обиди, најблаго кажано, беа смешни…

Очигледно нема ниту од далеку чувство за кошаркарска топка, па затоа најдобро е да си остане верен само на фудбалската топка!

Се вчитува...